Траење на гаранцијата
Секоја гаранција трае толку колку што е наведено на секој производ и е различна според видот на производот. Гаранцијата важи од денот на купување и ги покрива областите контролирани од Република Северна Македонија.
Услови
Гаранцијата важи од датумот на купување и под услов купувањето да се случило во SOHO.
Што ќе направи SOHO за да го реши проблемот?
Ние ќе провериме дали производот е под гаранција. Ако производот или дел од него е со дефект, ќе го поправиме. Ако е потребно ќе го смениме дефектниот предмет. Во случај производот повеќе да не е дел од производните серии на SOHO, ќе го замениме со сличен производ.
Услови на гаранција
Гаранцијата се применува од датумот на купување и под услов купувањето да се случило во SOHO. Потребен е доказ за купувањето: приложување на фискална сметка.
Гаранцијата не покрива штета предизвикана од лошо монтирање, постапување или чување, нечистотија, неправилно одржавање, гребнатини или други такви непогоди. Гаранцијата не покрива штети што природно настанале, користење несоодветно методи на чистење или несоодветно средства. Гаранцијата не важи ако производите се чувале надвор или во влажна околина или ако не се користеле за домашна употреба (освен ако не е поинаку наведено) и ако производите биле уништени. За повеќе информации контактирајте не со маил. Подолу може да најдете информации за гаранцијата на секој производ.
Упатства за чување
За да може да ја искористите оваа гаранција треба да ги следите конкретните упатства за чување за секој производ. Овие упатства може да ги најдете на www.soho.mk и/или во кутијата на производот.
Како да не контактирате ако ви е потребен сервис:
Може да дојдете во продавницата на SOHO, да испратете порака на support@soho.mk или јавете ни се на службата за корисници на +389 23 1313 41. Зачувајте ја сметката како доказ за купувањето.